Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

2 Corinthians 2

:
Macedonian - 2006
1 И така, решив во себе да не доаѓам кај вас со жалост,
2 зашто, ако јас ве нажалам, тогаш кој ќе ме зарадува, ако не оној кого сум го ожалостил?
3 Тоа исто и ви го напишав, та, кога ќе дојдам, да не ме ожалостат оние кои треба да ме зарадуваат; бидејќи сум уве­рен во сите вас дека мојата радост е ра­дост и за сите вас.
4 Зашто од многу грижи и од тага на срцето ви пишував со многу солзи, не за да ве ожалостам, туку за да ја познаете преголемата љубов што ја имам кон вас.
5 Ако ли, пак, некој ме ожалости, не ме ожалостил само мене, туку, да не претерам, донекаде и сите вас.
6 За таков доволна е казната што ја претрпел од мнозинството;
7 така што за вас е подобро да го по­милувате и да го утешите, за да не про­падне од преголема жалост;
8 затоа ве молам кон него да покажете љубов.
9 Затоа и ви напишав, да ве испитам и да дознаам дали сте во сѐ послушни.
10 А кому вие ќе му простите нешто, нему ќе му простам и јас; ако сум простил некому нешто, сум му простил по­ради вас во името на Исус Христос,
11 за да не нѐ прелаже сатаната, зашто неговите намисли добро ни се познати.
12 Кога дојдов во Троада да го про­по­ведам Евангелието Христово, иако вра­тата ми беше отворена во Господ,
13 духот мој немаше спокој, бидејќи таму не го најдов мојот брат Тит; и за­тоа, откако се простив со нив, заминав за Македонија.
14 Но да Му благодариме на Бога, Кој секогаш ни дава победа во Исус Хрис­тос, и на секое место преку нас го проја­вува мирисот на спознанието на Самиот Него.
15 Зашто ние сме Му на Бога благопријатен мирис Христов и меѓу оние кои се спасуваат и меѓу оние кои про­па­ѓаат;
16 на едните сме смртоносен мирис за смрт, а на другите животворен мирис за живот. И за ова кој е способен?
17 Зашто ние не сме како мнозина што тргуваат со Божјото име, туку го про­поведаме искрено, како од Бога, пред Бога, во Христос.